ЗАПАДОТ И ИРАН ЈА СМИРУВААТ ТОПКАТА Нуклеарниот договор од 2015 година повторно е на маса

Иран и САД вчера ги продолжија индиректните разговори, а фокусот на Техеран се однесува на укинување на сите американски санкции што ќе му гарантираат слободен извоз на неговата нафта.

440

Иран денеска соопшти дека преговорите за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили се движат во добра насока, а договор е можен доколку другите страни покажат добра волја и сериозност.

– Преговорите во Виена се движат во добра насока. Ние веруваме дека ако другите страни ја продолжат рундата преговори со добра волја, можно е постигнување добар договор за сите страни – изјави пред новинарите иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.






Тој нагласи дека „доколку другите страни покажат сериозност, покрај добрите намери, можно е наскоро да се постигне договор“.

Иран и САД вчера ги продолжија индиректните разговори, а фокусот на Техеран се однесува на укинување на сите американски санкции што ќе му гарантираат слободен извоз на неговата нафта.

Поврзани содржини