ЗАПАДОТ ДОСЕГА Ѝ ЗАМРЗНАЛ 330 МИЛИЈАРДИ НА РУСИЈА Најголемиот дел од парите се на Руската централна банка

Освен тоа, запленети се најмалку пет луксузни јахти и недвижности што припаѓаат или се под контрола на руски државјани под санкции, тоа го соопшти работната група Репо, формирана на 17 март со цел да се засили економскиот притисок врз Русија.

134
САД и нивните сојузници блокираа или замрзнаа повеќе од 330 милијарди долари руски средства од почетокот на окупацијата на Русија врз Украина, соопшти американското Министерство за финансии.





Западните сојузници блокираа 30 милијарди долари имот на руски олигарси и „замрзнаа“ околу 300 милијарди долари на Руската централна банка. Освен тоа, запленети се најмалку пет луксузни јахти и недвижности што припаѓаат или се под контрола на руски државјани под санкции, тоа го соопшти работната група Репо, формирана на 17 март со цел да се засили економскиот притисок врз Русија.
Составена е од висок и членови на Министерството за финансии и правда на САД, Австралија, Франција, Канада, Германија, Јапонија, Италија, Велика Британија и ЕК.
Поврзани содржини