ЗАПАДНОЕВРОПЕЈЦИТЕ ЈА „ОКУПИРАА“ МАКЕДОНИЈА Секој четврти турист е странец, омилени дестинации Охрид, Битола и Скопје

Македонија станува сè поатрактивна туристичка точка за Западна Европа. Анализата на Министерството за култура и туризам покажува историски скок на туристичкиот промет во првите пет месеци од 2025 година.

3,782

Во првите пет месеци од 2025 година, туризмот во Македонија доживеа драматично зголемување, особено кога станува збор за посетите од странски туристи од Западна Европа. Анализата на Министерството за култура и туризам покажува пораст од 23,6% во бројот на странски туристи, како и раст од 18,7% во бројот на ноќевања, споредено со истиот период од 2024 година.

Најголемото изненадување доаѓа од Франција, која бележи импресивен скок од 398% повеќе туристи и 303% повеќе ноќевања. Со ова, француските туристи брзо се искачија до врвот на приоритетите на македонските туристички политики.






Германските гости, исто така, покажале силен интерес – со раст од 219% во туристи и 146% во ноќевања, додека туристите од Велика Британија се зголемиле за 204%, со соодветен раст од 139% во остварени ноќевања.

Иако Турција останува на првото место според вкупниот број на туристи и ноќевања, растот од 11% во туристи и 21% во ноќевања ја задржува нејзината доминантна позиција како стабилен пазар.

Она што дополнително го издвојува периодот јануари-мај 2025 е растечкиот интерес за културен туризам надвор од главната сезона, што според Министерството има исклучително значење за анулирање на сезонскиот туризам. Овој тренд носи економски ефект низ целата година, со ангажирање на водичи, угостители, занаетчии и локални заедници.

Таквиот континуитет на туристички движења носи рамномерна распределба на приходите, подобрување на локалната економија и силна поддршка за руралниот туризам и новите дестинации.

Министерството за култура и туризам најави дека ќе ги искористи овие податоци за:

– Планирање на нови промотивни кампањи насочени кон Западна Европа,

– Засилување на авионските линии со Франција, Германија и Велика Британија,

– И поддршка на туристичките оператори кои работат на промоција на Македонија како дестинација со автентична понуда.

Сето ова треба да ја потврди Македонија како силен играч на туристичката мапа на Европа, со раст кој може да донесе рекордни приходи до крајот на годината.

Поврзани содржини