ЗАПАДНА ЕВРОПА Е ЗАГРИЖУВАЧКИ ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС Предупредувачка порака од НАТО во предвечерјето на војната во Украина?

Загрижени сум за енергетската состојба во Европа бидејќи демонстрира ранливост во услови кога на пазарот има само еден снабдувач со природен гас, и тоа е причината поради која во рамките на НАТО се договоривме тоа да го промениме, изјави Столтенберг.

746

Зависноста од рускиот гас на земјите од Западна Европа, претставува сериозен проблем за безбеднста, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој порача дека ќе мора да дојде до дизервификација на снабдувањето со природен гас, со цел да се намали зависноста на економиите на Западна Европа од увозот на гас од Русија.






Генералниот секретар порача дека ризикот од инвазија на Украина, од страна на руската војска и натаму е висок. Одговорот на НАТО на евентуалната инвазија ќе биде имплементација на строги санкции против руските функционери, како и санкции против економијата на земјата. Сепак, тој е загрижен дека санкциите нема да бидат ефикасни, токму поради зависноста на европските земји од рускиот гас.

– Загрижени сум за енергетската состојба во Европа бидејќи демонстрира ранливост во услови кога на пазарот има само еден снабдувач со природен гас, и тоа е причината поради која во рамките на НАТО се договоривме тоа да го промениме – изјави Столтенберг.

Според податоците на Еуростат, земјите од ЕУ 41,1 отсто од своите потреби за природен гас ги обезбедуваат со увоз од Русија. Руската Федерација обезбедува и 26,9 отсто од потрошувачката за нафта во Унијата.

Поврзани содржини