ЗАОБИКОЛЕТЕ ГО МЕСТОТО НА ПОЖАРОТ Герасимовски испрати апел до возачите да не возат покрај „Треска“
Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата. Заради настанатиот метеж во овој дел апелирам оние кои можат да го заобиколуваат овој дел од градот.
Во моментов екипите на противпожарна служба со шест возила се на терен, поддржани од МВР и се борат со големиот пожар кој зафати дел објектите во „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите. Општина Центар формира кризен штаб за координација и поддршка на акцијата. Заради настанатиот метеж во овој дел апелирам оние кои можат да го заобиколуваат овој дел од градот, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Од Противпожарната бригада на Скопје претходно информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика, а огнот зафатил и пластични материјали.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани десетина протипожарни возила.