Занаетчиите ќе добијат по 17.410 денари поддршка за последните три месеци од годинава

Поддршката ќе се реализира преку законски измени кои денеска ги прифати Владата.

358
Владата денеска на седница  го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна  дејност погодени од здравствен економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.





Целта, на овој предлог-закон, како што информира владината прес-служба,  е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност.
Поврзани содржини