ЗАНАЕТЧИИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР Димитриевски вели дека Куманово е препознатливо по производството на чевли

Во идниот мандат имаме сериозен план како да ја унапредиме чевларската индустрија во наше Куманово. Заеднички разговаравме за состојбите, за предизвиците и за процесите од оваа сфера на општественото живеење, за можност за изградба на нов деловен комплекс кој би бил наменет за занаетчиите во градот, вклучително и за нив, истакна Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово.

626

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, денеска беше во посета на компанијата „Филип Фрос“ за производство на чевли, каде што разговараше со вработените и се сретна со раководството на оваа компанија.

– Во идниот мандат имаме сериозен план како да ја унапредиме чевларската индустрија во наше Куманово. Заеднички разговаравме за состојбите, за предизвиците и за процесите од оваа сфера на општественото живеење, за можност за изградба на нов деловен комплекс кој би бил наменет за занаетчиите во градот, вклучително и за нив. Планот е да направиме „Mall“ за продажба на производи од чевларската и текстилната индустрија. Преку една ваква реализација, наше Куманово продолжува да биде препознатливо како град производител на чевли и текстил. Во нашата програма има проекти од сите области кои имаат за цел да го унапредат животот на сите кумановци и да го развијат градот – рече Димитриевски.

Поврзани содржини