ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ Е НЕПАЗАРНА МЕРКА Трајко Славески вели дека „мразот“ не се најавува однапред

Идните зголемувања на цените на производите се веќе вградени во замрзнатите цени и тука е неизвесно дали оваа мерка ќе има некаков ефект, а сигурно ќе биде минимален од аспект на заштитата на животниот стандард, смета професорот Славески.

1,058

Замрзнувањето на цените на производите е задоцнета мерка. Доколку се сакаше спроведување на замрзнувањето потребно беше да се реагира побрзо, а не да се навестува.

Ова, во синоќешното гостување на Телевизија 24 во дебатната емисија „Отворено“, го кажа членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.






Тој додаде дека голем дел од веќе идните зголемувања на цените на производите се веќе вградени во замрзнатите цени и тука е неизвесно дали оваа мерка ќе има некаков ефект, а сигурно ќе биде минимален од аспект на заштитата на животниот стандард.

Славески  како економист не може да се согласи со една ваква мерка којашто е непазарна, а државата се стреми за започнување на почеток на преговори за членство во ЕУ. Токму еден од критериумите кој што го бара ЕУ е функционална пазарна економија, а државата со оваа Влада всушност е се подалеку од тоа.

 

Поврзани содржини