🎥 ЗАМРЗНАТИ ИГУАНИ ПАЃААТ ОД ДРВЈАТА ВО ФЛОРИДА Не можат да го издржат студениот бран

Локалната телевизиска станица ВПЛГ 10, со седиште во Мајами, објави дека „игуаните паѓаат од небото“.

154

Поради студениот бран што ја погоди Флорида, илјадници игуани се замрзнаа и почнаа да паѓаат од дрвјата низ целата држава. Температурите паднаа на рекордно ниски нивоа. Орландо забележа најниска температура од -4°C, најниската температура забележана во февруари од 1923 година.

Ладнокрвните влекачи стануваат неподвижни поради ниските температури и паѓаат на земја во голем број. Локалната телевизиска станица ВПЛГ 10, со седиште во Мајами, објави дека „игуаните паѓаат од небото“. Нормалните температури за ова време од годината во Флорида се движат од 12 до 23 степени Целзиусови.






Екстремниот студен бран доаѓа една недела откако силна бура го зафати поголемиот дел од САД, убивајќи повеќе од 100 луѓе и оставајќи бројни заедници закопани во снег и мраз.

Поврзани содржини