ЗАМРЕА СРЕДБИТЕ ВО РАБОТНИТЕ ГРУПИ Ниту една од партиите не сака да попушти околу францускиот предлог

Пратеникот Антонијо Милошоски, кој е претставник од ВМРО-ДПМНЕ за МИА потврди дека нема договор за нова средба и наведе дека за нив смисла за нова средба би имало кога Владата, односно државата би упатила аргументирани забелешки за францускиот предлог.

670

Работната група на политичките партии за францускиот предлог не се договориле за нова средба, по вчерашната на која ниту еден од партиските претставници не отстапи од своите ставови.

Пратеникот Антонијо Милошоски, кој е претставник од ВМРО-ДПМНЕ за МИА потврди дека нема договор за нова средба и наведе дека за нив смисла за нова средба би имало кога Владата, односно државата би упатила аргументирани забелешки за францускиот предлог.






– Доколку ДУИ и СДСМ прифатат да упатиме сите заедно како Влада, Собрание и држава аргументирани забелешки за корекции на францускиот предлог, тогаш следна средба би имала смисла – изјави Милошоски за МИА.

Тој појасни дека во двата документи кои што досега се достапни во јавноста, едниот е општиот став на ЕУ или т.н. преговарачка рамка, во тој документ неговата партија има две забелешки, а тоа е во точката 3 каде се вели:„ЕУ ги зема во предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонски јазик“, каде што ВМРО-ДПМНЕ предлага да се избришат и да стои дека законодавството на ЕУ се преведува само на македонски јазик.  Исто така од партијата предлагаа да нема никакви дополнителни декларации кои што би го обременувале јазикот или би го толкувале бидејќи ниедна трета држава нема право да толкува јазик на било која друга држава.

– Во точката 5 од преговарачката рамка да се избрише последната алинеја која што гласи: „Имајќи го во предвид горенаведеното, посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка вклучително и преку постигнување на видливи резултати, спроведување на билатералните договори во добра волја, Договорот од Преспа со Грција, Договорот за добрососедски односи со Бугарија како и годишните прегледи за негово ефективно спроведување според член 12“.  Ова е замка бидејќи годишните прегледи кои што се повикуваат на член 12 преведено на поедноставен јазик за јавноста значи билатералниот македонски – бугарски протокол кој што се уште Владата го крие. И затоа сметаме дека не треба да го обременува овој документ бидејќи истиот нема да служи за постигнување на стандарди туку ќе служи само некои политички конфротации и тензии кои што нема да донесат добро ни на Македонија, ни на Бугарија, ниту пак на европските стандарди според Копенхашките критериуми. Во документот наречен „Заеднички став на ЕУ“ предлагаме 4 измени. Во точката 1 по зборчето  „на“ да се избришат зборовите „првата фаза од“. Ова значи дека би сакале ние Македонија да не биде преседан и за Македонија да нема прва и втора  фаза од почеток на преговорите затоа што во ваквиот документ очигледно е дека Македонија нема да ги почне преговорите во моментот кога членови на владата ќе имаат заедничка, фамилијарна фотографија со членови на ЕК. Туку со бришење на овие зборови да се знае дека почетокот на преговорите се склучува веднаш и не е поделен на фази – додава Милошоски.

Информации од СДСМ и од ДУИ во врска со продолжување на работата на работните групи засега нема.

Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.

Поврзани содржини