КЕВИН СПЕЈСИ ЌЕ ГО ИГРА ФРАЊО ТУЃМАН „Исто како Ричард Бартон во улогата на Тито“

„Кутриот Кевин Спејси на што спадна“, „Тито го глумеше Ричард Бартон, а Фрањо овој лицемерен претадор“ … Ова се само дел од бројните коментари на социјалните мрежи.

2,991

Контроверзниот холивудски глумец Кевин Спејси решил дека сака да го игра хрватскиот политичар Фрањо Туѓман и дошол во Хрватска на покана од режисерот Јаков Седлар, шпекулираат хрватските медиуми, а граѓаните се поделени на социјалните мрежи.

 






Зарем Спејси, кој беше обвинет за бројни сексуални вознемирувања и речиси исчезна од сцената после серијата „Кула од карти“ да го игра Туѓман, политичарот кој учествуваше во крвавиот распад на Југославија?

„Одвратно. Што ли мислел режисерот? Спејси ќе остане засекогаш предатор и заради тоа што постојат жртви речиси за секој сет на кој стапнал, се плашам за младите момци кои ќе работат со него ако се продолжи со продукцијата“, напишал еден корисник на Твитер.

„Да се засрами оној кој мисли да му даде работа на овој човек“, напишал друг.

„Кутриот Кевин Спејси на што спадна“, „Тито го глумеше Ричард Бартон, а Фрањо овој лицемерен претадор“ … Ова се само дел од бројните коментари на социјалните мрежи.

Поврзани содржини