ЗАМИНУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ЗНАЧИ ЗАМИНУВАЊЕ НА ЗАЕВИЗМОТ Потребни се предвремени парламентарни избори

Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

1,042

Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот, рече Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира најавата на Зоран Заев за заминување од функцијата премиер и претседател на СДСМ.

– Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата – рече Митева.






Според неа, единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.

– Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската Унија – кажа Митева.

Оттука, додаде портпаролката Митева, Зоран Заев не може да ги постигне резултатите.

– Затоа избрите се решение – рече Митева.

Поврзани содржини