ЗАМИНА ПРИНЦОТ НА МОДАТА Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
Тој работеше до своите последни денови и почина опкружен со најблиските, на возраст од 91 година, соопшти модната куќа „Армани“ во објава на социјалните мрежи.
Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 91 годишна возраст, соопшти денеска модната куќа „Армани“ во објава на социјалните мрежи.
Тој работеше до своите последни денови и почина опкружен со најблиските, се вели во соопштението.
Армани беше еден од највлијателните модни дизајнери во светот.
Роден на 11 јули 1934 година во Пјаченца, северна Италија, неговото семејство се преселило во Милано по Втората светска војна. По завршувањето на средното училиште почнал студии по медицина, но ги напуштил по две години.
Познат како „Principe della Moda“ (Принц на модата), Армани бил второ дете на домаќинка и шпедитер.
Неговата мајка придавала големо значење на облеката, дури и за време на војната. Но, неговиот дедо, кој заработувал како шминкер и правел перики во општинскиот театар, веројатно имал поголемо влијание врз неговиот моден вкус во младоста.
Минатата година Армани размислуваше да замине во пензија и најави дека планира да ја води својата компанија уште неколку години.
Неговите креации, често опишувани како лежерни и едноставни, а сепак елегантни, беа носени на многу црвени килими, вклучително од холивудски ѕвезди како Ричард Гир, Кевин Костнер, Никол Кидман и Кејт Бланшет.