ЗАМИНА ПОРАДИ ЛОШИТЕ ТВИТОВИ Германската министерка за одбрана поднесе оставка
Во пораката министерката Ламбрехт напиша дека поради конфликтот во Украина имала „многу посебни искуства“ и дека војната и дала можност за „многу средби со големи и интересни луѓе“.
Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка по серијата критики за германскиот одговор на руско-украинската војна. Како што јави германската агенција ДПА, Ламбрехт ја поднела оставката до германскиот канцелар Олаф Шолц.
Според германските медиуми, овој потег уследил откако во петокот медиумите објавија дека шефицата на германската одбрана има намера да поднесе оставка по контроверзната новогодишна порака што ја објави на социјалните мрежи. Во пораката таа рече дека поради конфликтот во Украина имала „многу посебни искуства“ и дека војната и дала можност за „многу средби со големи и интересни луѓе“.
Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ напиша жесток коментар со наслов „Ламбрехт повеќе не може да биде министер“ во кој се наведува дека за време на нејзиниот говор политичарката ја прикажала војната како „возбудливо професионално искуство“.
Билд се осврна на нејзиниот говор и напиша дека нејзината порака ја посрамоти Германија. Шпигел изјави дека ова обраќање, ако се погледне контекстот на војната во Украина, е „несоодветно и непријатно“.
Членовите на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) ја нарекоа пораката нечувствителна и ја повикаа да поднесе оставка.
Ламбрехт е член на централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц. Впрочем, Шолц изјави дека има доверба во својот министер, пишува Дојче веле.