На 88-годишна возраст денеска почина легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо, изјавил неговиот адвокат за агенцијата Франс Прес.
Според медиумите, тој извесно време бил во лоша состојба, а во 2001 година доживеал срцев удар, иако неколку години подоцна со ново остварување се врати на филмското платно.
Белмондо има глумено во повеќе од 90 филмови, а осоено импресивни се неговите улоги остварени во филмовите „До последниот здив“ и „Лудиот Пјер“