Замерки до Град Скопје: Добро што сте го седнале Берни, ама клупите не држат (ФОТО)
Додека од Градот велат дека клупите се изработени да понудат совршена комоција, граѓаните под објавата коментираат дека клупите се неудобни, дека им недостасува уште една греда за потпирање во долниот дел, дека ако на нив се постави нешто тоа се лизга, како и дека не се адекватно заштрафени и се откачуваат.
Новите урбани клупи кои од денес можете да ги забележите низ сите урбани улици и скверови немаат за цел само да ги разубават градските тротоари низ Скопје, туку и да ги надополнат и да претставуваат место каде граѓаните ќе може да одморат од долгите прошетки низ Скопје во убавите денови од годината, соопшти Град Скопје на својот профил на Фесјсбук објавувајќи фотографии од новите клупа, а на две места е направена монтажа со фотографијата од Берни Сандерс од инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Можеби ќе ве интересира
Клупите се поставени на 250 локации, кои, како што велат од Градот, се внимателно одбрани како места кои на скопјани ќе им понудат длабоки сенки под градските дрвореди.
Додека од Градот велат дека клупите се изработени да понудат совршена комоција, граѓаните под објавата коментираат дека клупите се неудобни, дека им недостасува уште една греда за потпирање во долниот дел, дека ако на нив се постави нешто тоа се лизга, како и дека не се адекватно заштрафени и се откачуваат.
„Супер што се убави, само што се лулаат кога ќе се седне и се комплетно непрактични и не може да се остави на нив нешто што човек носи со себе – се слизнува и паѓа поради големиот агол и поради празнината помеѓу наслонувачот и делот за седење“, коментира еден граѓанин.
Како и да е, изведувачите изгледа ќе треба набрзо да направат вонредна контрола за проверка на удобноста и издржливоста на клупите.