Заменик-министерот од Министерството на Груби позитивен на ковид-19

Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита - порача Рахман.

613

Заменик-министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Илхан Рахман, со кое раководи Артан Груби од ДУИ, преку „Фејсбук“ ја извести јавноста дека е позитивен на коронавирусот.

– Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита – порача Рахман.






Почитувани,Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19,…

İlhan Rahman 发布于 2020年10月18日周日

Поврзани содржини