ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ДИМИТРОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Демократски сојуз го отстапи Министерството за локална самоуправа
Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција.
Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој е од редовите на Демократскиот сојуз, денеска поднесе оставка од функцијата, потврди за МИА претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.
Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција.
Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека очекува функционерите на ДС да поднесат оставки, оценувајќи дека одлуката на Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство.
Ковачевски рече дека се надева дека искусен политичар како Павле Трајанов нема да си дозволи да му стане заложник на Димитар Апасиев од Левица.
– Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев – рече Ковачевски, уште еднаш истакнувајќи дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа.