ЗАЛУДНО ГРАДИМЕ ГРАДИНКИ И УЧИЛИШТА АКО НЕМАМЕ ДЕЦА Создавањето семејство е патриотски чин, порача Мицкоски

Според премиерот Христијан Мицкоски, демографијата ќе биде главниот предизвик на државата во годините што следат.

259

Премиерот Христијан Мицкоски најави поробусни акции со коишто ќе се подобри демографската слика на Македпнија.

Според него, демографијата ќе биде главниот предизвик на државата во годините што следат.






– Многупати сум зборувал и ќе продолжам да зборувам и ќе бидам многу гласен. Може да реновираме безброј градинки и училишта, да правиме патишта, ако немаме деца, тогаш тоа ни е залудно. Можеби некои ќе ме прогласат за конзервативен, некои ќе ме прогласат за човек кој живее во минатото, но јас мислам дека создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија – изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на булевар во Гевгелија.

Тој смета дека придонес кон подобрувањето на демографската слика ќе дадат со најавените 6 бесплатни ин-витро процедури.

Поврзани содржини