ЗАЛОЖНИК И ГРОЗДАНОВСКА ОСВОИЈА ДВЕ ЗЛАТА И ЕДНО СРЕБРО На Меѓународен коњички турнир во Самобор Дукоска добро дебитираше

Турнирот се одржа во коњичкиот центар „Етно фарма Мирновец“, а учествуваа шест држави и 198 натпреварувачи.

377

Репрезентативците Лука Заложник иЛеонидат Гроздановска освоија две зчата и едно сребро на Меѓународниот коњички турнир „Куп на град Самобор“ во Хрватска.

Македонската екипа настапи со репрезентативците Лука Заложник, Леонида Гроздановска и Сиља Дуковска. Турнирот се одржа во коњичкиот центар „Етно фарма Мирновец“. Учествуваа шест држави и 198 натпреварувачи.






 

Заложник со грлото Корадо во натпреварот со висина на пречките од 1,30м го освои првото место. Леонида Гроздановска со грлото Парадисо Силвано во натпреварот со висина на пречките од 1,10м го освои второто место а во натпреварот од 1,15м го освои првото место.

Нашиот најмлад претставник  кој дебитираше на Меѓународен натпревар  Сиља Дуковска во натпреварот со висина на пречките од 1,00м го освои 12 место од 39 натпреварувачи.

Поврзани содржини