ЗАКРЕПНУВА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Раст од 4 отсто предвидува ЕБОР

Во извештајот се посочува дека по четири последователни квартали со негативен раст помеѓу вториот квартал од 2020 година и првиот квартал од 2021 година, почна закрепнувањето на македонската економија.

287

Раст на македонската економијата од четири отсто за годинава и за 2022, предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за економските перспективи на земјите од Западен Балкан.

– Закрепнувањето е во тек во Северна Македонија, со раст поттикнат и од домашната и од надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата силно порасна, поддржана од зголемувањето на платите, растот на кредитите и дознаките од странство, иако се уште е на релативно ниско ниво во споредба со другите регионални економии. Извозот на стоки се зголеми и по вредност и по обем, во тандем со увозот, поттикнат од закрепнувањето во ЕУ. Се предвидува дека економијата ќе порасне за 4,0 отсто и во 2021 и во 2022 година – оценува ЕБОР.






Во извештајот се посочува дека по четири последователни квартали со негативен раст помеѓу вториот квартал од 2020 година и првиот квартал од 2021 година, почна закрепнувањето на македонската економија.

– БДП се зголеми за 13,1 отсто на годишно ниво во вториот квартал од 2021 година, поттикнат од домашната и надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата порасна силно, поддржана од зголемувањето на платите, растот на кредитите и дознаките од странство. Извозот на стоки се зголеми и по вредност и по обем, поттикнат од закрепнувањето во ЕУ, главниот извозен пазар на Северна Македонија, и растот во тандем со увозот. Странските директни инвестиции се зголемија во втората половина на 2021 година, надминувајќи го соодветното ниво од 2019 година – се вели во извештајот.

Поврзани содржини