ЗАКОНСКИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНИ ПРЕНАМЕНА НА ПЛОДНО ЗЕМЈИШТЕ Николовски тврди дека не потпишал ниту едно вакво решение

Министерот смета дека иднината на земјава е во производство на храна и во развој на туризмот и е дециден дека нема да потпишува никаква согласност за отворање рудници или каква било пренамена на плодно земјиште од прва и од втора класа. 

148

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски  смета дека законски треба да се забрани пренамената на  обработливото земјоделско земјиште од првата и од втората класа во градежно земјите и за изградба на рудници и фотоволтаици.

– Сега како што е поставена работата, никој не може да ја сопре пренамената на земјоделското земјиште, бидејќи законот тоа го дозволува, а општините се надлежни за издавање дозволи за пренамена. Сметаме дека во иднина треба законски да се забрани пренамената на првата и на втората класа плодно земјиште. Светот се бори за секоја педа обработливо земјиште, а така треба и ние да се однесуваме –вели Николовски.






Тој смета дека иднината на земјава е во производство на храна и во развој на туризмот и е дециден дека нема да потпишува никаква согласност за отворање рудници или каква било пренамена на плодно земјиште од прва и од втора класа.

Според актуелниот Закон за земјодлеско земјиште пренаментата на земјодлеско во градежно змјиште е регулирано во членовите од 49 и до 51-б. Во нив покрај другото е утврдено дека владата на предлог на Министрството за земјодлество носи одлука за пренамена на земјодлеското земјиште и за земјодлески и за неземјоделски цели.

Поврзани содржини