СЕ СПРЕМААТ КАЗНИ ЗА АНТИВАКСЕРИТЕ Новата стратегија ќе отвори војна со тие што шират дезинформации за вакцинирањето

Ние со Светската здравствена организација подготвуваме стратегија за вакцинација во Македонија. Се надевам дека во ноември или во декември ќе го промовираме тоа. Тука ќе кажеме конкретни чекори и што можеме да преземеме законски за оние што шират дезинформации и лажни вести, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

314

Дали и какви мерки може да се преземат против антиваксерите во земјата ќе се знае откога ќе се изработи стратегија за вакцинирање. Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека на неа веќе се работи.

– За жал, антиваксерството, не само во Македонија туку и во регионот, како и во светот, зема сè поголем замав. Ние со Светската здравствена организација подготвуваме стратегија за вакцинација во Македонија. Се надевам дека во ноември или во декември ќе го промовираме тоа. Тука ќе кажеме конкретни чекори и што можеме да преземеме законски за оние што шират дезинформации и лажни вести. Засега не можам да кажам нешто конкретно бидејќи не знам кои се нашите можности како Министерство за здравство. Би сакал да ја видам стратегијата комплетно и преку тоа да предвидиме одредени мерки, доколку можеме да преземеме такви – рече министерот Таравари.






Тој нагласи дека антиваксерството, за жал, е веќе глобален проблем и мерките ќе се предвидуваат во соработка со Светската здравствена организација.

Поврзани содржини