ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ, ДА НЕМА ДОЦНЕЊЕ НА ТЕРАПИИ И ПОМАГАЛА Лицата со дијабетес излегоа на протест

Да се сменат законите за јавни набавки, сите хронични болести и дијабетесот да не зависат од рокови и поединци. 45 илјади луѓе, 113 илјади семејства не може да чекаат дали ќе му текне на министерот да поптише или не, истакна  на денешниот протест претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев.

256

Лицата со дијабетес денеска протестираа пред Министерството за здравство изразувајќи ги своите барања да ги добијат основните права за терапии и помагала за дијабетичарите, како и исполнување на ветувањето од денешната средба што ја имаа со министерот за здравство Фатмир Меџити.

Протестот го организираше Сојузот на здруженијата на дијабетичари.






– Да имаме право на избор како во сите други европски земји сами да набавиме помагала кои ни требаат. Терапијата повторно ќе оди како досега, но без каснење. Да се сменат законите за јавни набавки, сите хронични болести и дијабетесот да не зависат од рокови и поединци. 45 илјади луѓе, 113 илјади семејства не може да чекаат дали ќе му текне на министерот да потпише или не, истакна  на денешниот протест претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев.

Претставниците на Сојузот пред денешниот протест имаа средба со министерот за здравство Фатмир Меџити на која постигнаа договор за набавка на ленти, но на протестот упатија уште многу проблеми со кои се соочуваат секојдневно и барања кои се неопходни за нив.

Министерот Меџити, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат. Од Министерството за здравство по средбата соопштија дека ќе ги преземат сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес.

Во земјава има 150.000 граѓани со дијабет, од кои 45.000 се на инсулин и за 700 деца и млади кои најчесто имаат дијабетес Тип 1.

 

Поврзани содржини