🎥 ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА МОРА ДА БИДЕ СТАВЕН ВОН СИЛА ВЕДНАШ ПО ИЗБОРИТЕ Категорична најава на Тимчо Муцунски во поткаст на Плусинфо
Муцунски смета дека има превисок степен на пенетрација на игрите на среќа во нашето општество, но новиот закон уште повеќе ќе го продлабочи овој проблем и ќе стави 15.000 до 20.000 граѓани под ризик, од гледна точка на нивните работни места.
Целта на Законот за игри на среќа, кој беше донесен во средата, не е да се ограничат казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа. Целта е да се изврши легализација на неколку противзаконски одлуки коишто владата ги има донесенао во последната година, а истовремено да се прошири пристапот на онлајн игрите на среќа.
Ова, во новиот поткаст на Плусинфо, го изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Погледнете го делот од видео-интервјуто во кое тој, меѓу другото, најавува дека следниот собраниски состав во најитен рок ќе мора да го стави вон сила овој закон.
Муцунски смета дека има превисок степен на пенетрација на игрите на среќа во нашето општество, но новиот закон уште повеќе ќе го продлабочи овој проблем и ќе стави 15.000 до 20.000 граѓани под ризик, од гледна точка на нивните работни места.
Првиот поткаст на Плусинфо можете да го погледнете на Јутјуб каналот Plusinfomk почнувајќи од денеска, петок, 9 февруари, од 12 часот.