🎥 ЗАКОНОТ ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ Тошковски во ноќна обиколка на Скопје, за седум дена 67 уапсени

Уапсени се дилери на дрога, лица барани по потерници, како и лица кои го прекршиле законот за оружје

314

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во оперативната акција со зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје, а го посети и мониторинг системот „Безбеден град, во рамки на оперативната акција за бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушување на јавниот ред и мир, како во градот Скопје, така и во целата држава, соопшти МВР.

Министерот Тошковски уште еднаш потенцираше дека никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, без разлика дали се работи за сообраќајни прекршоци, нелегална трговија со дрога и оружје, вандализам итн. Законот важи подеднакво за сите и сите оние кои ќе го прекршат ќе ги сносат последиците за своите постапки, потенцира министерот.






Акцијата за враќање на безбедноста во градот Скопје почна на 24 август и досега полициските службеници извршиле преглед на 987 лица и на 452 патнички моторни возила и мотоцикли. Притоа, лишени од слобода се 67 лица. Од нив 40 лица по член 215 од Кривичниот законик, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, а четири лица се приведени поради кршење на законот за оружје. Полициските службеници пронашле и лишиле од слобода седум лица барани по потерница и седум лица барани по други членови од Кривичниот законик.

Министерот Тошковски со полициските службеници разговараше и за проблемите со кои се соочуваат на терен, како недостаток на материјално-технички средства и ги информираше дека раководството на министерството работи интензивно на обезбедување на сите неопходни средства како нови униформи и возила за ефикасност во обезбедувањето на безбедноста на сите граѓани.

Поврзани содржини