ЗАКОНИТЕ НА БИХ ВЕЌЕ НЕМА ДА ВАЖАТ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА Додик се заканува со отцепување и го нарекува Сараево окупаторска сила
Ако мислат дека полицијата на Република Српска ќе се скрие, тие се луди. рече лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, нагласувајќи дека се чувствува доволно заштитен. Тој додаде дека е дојдено време да се види кој ги крши законите, а на инспекторите, кои се обидоа да го уапсат, им порача дека дури сега ќе видат што не можат.
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откако агентите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) синоќа се обидоа да го приведат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, се закани дека законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат на територијата на Република Српска, јави Хина.
Неколку инспектори на СИПА, без поддршка од вооружени полицајци во униформи, се обидоа да влезат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево за да му го врачат на Додик налогот за апсење, но тешко вооружени членови на МВР на РС го спречија нивното приближување.
Портпаролката на СИПА, Јелена Миовчиќ, потврди дека се работи за обид на Додик да му се достави наредба од Судот на Босна и Херцеговина.
– Можам да потврдам дека членови на СИПА беа во административниот центар на владата на Република Српска во Источно Сараево, во врска со постапувањето по наредбата на Судот на Босна и Херцеговина во врска со кривичното дело неизвршување на одлука на Уставниот суд. Тие се обиделе да ја спроведат наредбата, но биле спречени од МВР на РС – изјави вчеравечер Миовчиќ за порталот Дневни аваза.
Агентите на СИПА се повлекле, а полицијата на РС ја зголеми безбедноста околу зградата во Источно Сараево каде што Додик се состана со локалните лидери. На крајот од средбата Додик им изјави на присутните новинари дека не се плаши од апсење, а СИПА и Судот на Босна и Херцеговина ги нарече окупаторска сила која нема да дозволи да дејствува на територијата на РС.
– Ако мислат дека полицијата на РС ќе се скрие, тие се луди – рече Додик, нагласувајќи дека се чувствува доволно заштитен.
Тој додаде дека е дојдено време да се види кој ги крши законите, а на инспекторите на СИПА им порача дека дури сега ќе видат што не можат, пренесе Хина.
Тој, исто така, му се закани и на високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, дека сега ќе види како некој се приведува за „ лажно претставување“. Тој рече дека Шмит се однесува „криминално и фашистички“, па тврди дека високиот претставник подготвува закон за статусот на државна сопственост на БиХ и во тој случај РС веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.
– Ќе го одвоиме и ќе го браниме својот имот – рече Додик.
Министерот за внатрешни работи на РС, Синиша Каран, им рече на новинарите дека неговите полицајци ќе го заштитат Додик.
– Министерството за внатрешни работи на РС има доволно капацитет да ги заштити сите граѓани на РС и носителите на најважните институции – рече Каран.
🎥 СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ Специјалци од Република Српска спречија апсење на Додик