ЗАКАНУВАЧОТ СО БОМБИТЕ БАРАЛ 15.000 ЕВРА? Во мејловите до средните училишта не навел кому треба парите да бидат исплатени
Притоа не е наведено ниту кој, ниту кому треба да ја изврши исплатата.
Заканувачот во лажните дојави за бомби кои денеска испразнија седум средни училшта во Скопје барал откуп од 15 илјади евра, пренесува Денешен. „Во спротивно ќе експлодираат бомби кои нема да направат штета, ама ќе има многу жртви“, стоело во испратениот мејл. Притоа не е наведено ниту кој, ниту кому треба да ја изврши исплатата.
Денеска беа евакуирани учениците од „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“, „Михајло Пупин“ и „Арсениј Јовков“.
МВР уште истражува кој стои зад заканите.