ЗАКАНИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ Истиот човек повеќе пати бил осуден за закани кон семејството Јанчеви
Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатилo закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или од старост“.
Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.
Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатилo закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или од старост“.
Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и кон неговото семејство.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.