ЗАКАНАТА СО ШТРАЈК ГО ЗАКОЧИ СКОПЈЕ Скопјани не беа сигурни дали ќе има автобуси, па тргнаа на работа со автомобил

Една од причините, освен нормалното зголемување на метежот во периодот кога граѓаните одат на работа, можеби е и одлуката на граѓаните да користат автомобил наместо јавен превоз поради вчерашната најава на Независниот синдикат на возачи дека денеска ќе штрајкуваат возачите на ЈСП поради неисплатени плати.

511

Утринава се забележуваат полни улици со автомобили низ Скопје, гужви на семафорите, нервозни возачи…

Една од причините, освен нормалното зголемување на метежот во периодот кога граѓаните одат на работа, можеби е и одлуката на граѓаните да користат автомобил наместо јавен превоз поради вчерашната најава на Независниот синдикат на возачи дека денеска ќе штрајкуваат возачите на ЈСП поради неисплатени плати.






Сепак, ЈСП синоќа ја демантираше информацијата и истакна дека платите на возачите се ставени на одобрување и обвини дека некој сака да креира вештачка криза онаму каде што не постои.

Градските автобуси утрово возеа, иако некои беа празни.

Поврзани содржини