ЗАКАНА СО БОМБА ВО АВИОН НА ЛУФТХАНЗА Летот од Франкфурт за Индија принудно вратен, патниците преспаа на аеродромот
Од Луфтханза потврдија дека летот бил вратен поради безбедносни причини, но одбија да дадат дополнителни коментари за природата на заканата или евентуалната одговорност.
Авион на германската авио-компанија Луфтханза, кој летал од Франкфурт кон индискиот град Хајдерабад, бил принуден да се врати назад поради закана за поставена бомба.
Германската федерална полиција потврди дека алармот за можен терористички напад бил примени од Одделот за корпоративна безбедност на компанијата.
Пилотите на летот „LH752“ добиле наредба да го прекинат летот додека се наоѓале над бугарскиот воздушен простор, по што авионот направил полукружно враќање и безбедно слетал во Франкфурт околу 18:30 часот по локално време.
– Слетувањето во Индија не беше одобрено поради сериозната закана. Авионот беше вратен како мерка на претпазливост – изјави портпарол на германската федерална полиција за агенцијата ДПА.
По слетувањето, авионот бил прегледан од тимови за детекција на експлозиви, а сите патници биле евакуирани и задржани во транзитната зона на аеродромот, каде што ја поминале ноќта додека траела истрагата. Засега не е пронајден никаков сомнителен предмет, но истрагата за лажна закана или евентуален безбедносен пропуст продолжува.
Од Луфтханза потврдија дека летот бил вратен поради безбедносни причини, но одбија да дадат дополнителни коментари за природата на заканата или евентуалната одговорност.