ЗАК ЕФРОН ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН Актерот доживеал несреќа, вработените го извлекле од базен на Ибица
Холивудскиот актер Зак Ефрон заврши во болница во Шпанија.
Холивудскиот актер Зак Ефрон заврши во болница во Шпанија.
Евфрон во петокот престојувал во вила на Ибица кога имал помал инцидент на базенот, изјавил извор за магазинот „Пипл“. Ефрон бил однесен во болница на преглед и пуштен во саботата наутро.
„Добро е“, потврди неговиот портпарол.
Порталот „Пејџ сикс“ известува дека актерот бил пронајден во базенот од персоналот кој го извлекол од водата. Сè уште не е откриено што точно се случило.
Ефрон во моментот е во Шпанија, а претходно беше во Париз каде беше виден на отворањето на Олимписките игри. Откако САД го освоија златниот медал во гимнастика, актерот им честиташе на социјалните мрежи.
„Горд на тебе Симон Билс“, напиша тој.
Зак и Симон се сретнаа на Олимпијадата 2016 година во Рио де Жанеиро кога Билс рече дека таа и нејзините пријатели биле големи обожаватели на Зак.