📷 ЗАИДА ОД ЧИЛЕ ГИ ОСВОИ СУДИИТЕ Ова е најубавото куче во светот

Кучето Заида Бинт Мути Фон Хаусман од расата авганистански 'рт заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела одличјето го освоија на годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб.

237

Женка по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман од расата авганистански ‘рт која доаѓа од Чиле е прогласена за најубаво куче во светот. Кучето Заида заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела одличјето го освоија на годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, што се одржа викендов.

Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави” еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.






фото: МИА

 

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии… Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, туку дека кучињата се жртви на „глад за профит“.

Поврзани содржини