Захарова: Русија е разочарана од германското претседателство со Советот на Европа
За сите шест месеци, Берлин не се однесуваше како водач на пан-европска организација, туку како предводник на антируските сили, ставајќи ги интересите на Унијата над целта утврдена во статутот на Советот на Европа - вели портпаролката руското МНР.
Берлин се однесува како предводник на антируските сили, а не водач на пан-европска организација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Русија е разочарана од шестмесечното претседателство на Германија со Советот на Европа, посочи Захарова.
– Разочарани сме од германското претседателство во оваа структура, со чија помош беше организиран овој напад врз нашата земја. За сите шест месеци, Берлин не се однесуваше како водач на пан-европска организација, туку како предводник на антируските сили, ставајќи ги интересите на Унијата над целта утврдена во статутот на Советот на Европа, односно зајакнување на единството меѓу своите членки – изјави портпаролката на руското МНР.
Захарова го оцени како тажен фактот што Германија го заврши претседателството со одлука на Советот на министри за Крим, што претставува „колекција на лажни тврдења и апсурдни обвинувања“ против Русија.
– Справувањето со такво наследство ќе бара многу напор од здраворазумските земји. Дали ќе можеме да се вратиме на агендата за обединување или нова криза е неизбежна, останува отворено прашање – заклучи Захарова.