Захарова го спореди Вучиќ на столчето кај Трамп со Шерон Стоун во „Ниски страсти“

3,818

По посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Вашингтон и средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот профил на Фејсбук реагираше портпаролотка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која објави фотографија од Вучиќ  од Белата куќа, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“.






„Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седете како на фотографијата бр. 2, кој и да сте. Верувајте ми“, напиша таа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, во петокот во Белата куќа потпишаа договори со претседателот на САД, Доналд Трамп, за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

Поврзани содржини