Захариева: Во Македонија има над 100.000 Бугари и тие често се заплашувани

Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат правата на самоопределување - рече бугарската министерка за надворешни работи.

1,604

Над 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, но тие понекогаш се заплашувани и покрај тоа што живееме во 21 век, изјави денеска за БНТ, Екатерина Захариева, вицепремерка и министерка за надворешни работи на Бугарија.

Таа истакна дека Бугарја води доследна политика и побара правда за Бугарите во Македонија.






– Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени поради тоа што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 година. Сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување. Ние реагираме за секој случај и се надеваме дека тоа нема да се повторува. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат правата на самоопределување – рече Захариева.

Поврзани содржини