Вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева е во самоизолација.
Таа била во контакт со заменик-министерот Петко Доиков кој објави дека е позитивен на ковид-19 на брз тест во рамки на рутинската проверка на раководниот остав на МНР. Од Министерството соопштуваат дека се чекаат резултатите од неговиот PCR тест. Дојков учествуваше на тристраните разговори во Берлин како дел од бугарската делегација, Министерството по дипломатски пат ги известило и делегациите на Македонија и на Германија.
Сите членови на бугарската делегација во Берлин се ставени во изолација.