ЗАГРОЗИ 84 ЛУЃЕ НА ЛЕТ, СЕГА Е НА СЛОБОДА Еве зошто судот во САД се премисли за пилотот кој се обиде да ги повлече рачките
По апсењето, Емерсон признал дека 2 дена пред летот консумирал психоделични печурки и не спиел повеќе од 40 часа. Тој изјавил дека бил во психолошка криза поради смртта на близок пријател и дека мислел дека сонува, обидувајќи се „да се разбуди“. За време на летот тој се обидел да да ги повлече двете црвени рачки што активираат систем за гаснење пожар, што би го прекинало снабдувањето со гориво.
Поранешниот пилот на авио-компанијата „Алјаска ерлајнс“, Џозеф Емерсон, кој во октомври 2023 година се обидел да ги исклучи моторите на патнички авион среде лет, е пуштен на слобода по одлука на американскиот федерален суд во Орегон.
Емерсон беше осуден на казна со веќе одлежано време и 3 години условен надзор, јави „Скај њуз“.
Инцидентот се случил на летот на „Хорајзон ер“ од Еверет до Сан Франциско. Емерсон, кој не бил на должност, седел на помошното седиште во кокпитот и се обидел да ги повлече двете црвени рачки што активираат систем за гаснење пожар, што би го прекинало снабдувањето со гориво.
Благодарение на брзата реакција на пилотите, катастрофата со 84 луѓе на бродот била избегната.
По апсењето, Емерсон признал дека 2 дена пред летот консумирал психоделични печурки и не спиел повеќе од 40 часа. Тој изјавил дека бил во психолошка криза поради смртта на близок пријател и дека мислел дека сонува, обидувајќи се „да се разбуди“.
More audio from the Alaska Airlines flight where an off duty pilot tried to shut down the engines mid-flight… 👀#AlaskaAirlines #pilot #flying pic.twitter.com/x73c2BLkOi
— Mrgunsngear (@Mrgunsngear) October 23, 2023
На судењето во Портланд, судијката Ејми Бадџио нагласила дека случајот го открива човечкиот аспект на професијата.
– Пилотите не се совршени, тие се луѓе – истакна судијката.
Емерсон поминал 46 дена во притвор и бил ослободен во декември 2023 година со услов да се подложи на терапија за ментално здравје, да се воздржи од дрога и алкохол и да се држи подалеку од авиони.
Неговиот адвокат соопшти дека по излегувањето од затвор, клиентот започнал третман за нарушување предизвикано од консумација на алкохол и дека оттогаш е трезен.
– Не сум жртва. Тука сум поради моите постапки – изјави Емерсон пред судот.
Тој додаде дека трагичниот настан го принудил да порасне како човек. Тужителот Џефри Бароу потсети дека биле загрозени 84 животи, но дека „екипажот го спасил денот со својата интервенција“.
Покрај федералните обвиненија, Емерсон се соочи и со државна пресуда во Орегон – 50 дена затвор (веќе одлежани), пет години условна казна и 664 часа општествено корисна работа.