📷 ЗАГРОЗЕНИ 4 КУЌИ ВО ШИПКОВИЦА ПОРАДИ СВЛЕЧИШТЕ Екипите на ЦУК, општина Тетово и инспектори се на терен

Во моментот се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето во Шипковица поради опасност од појавување на нови свлечишта, информираат од ЦУК на својата Фејсбук страница. Одрони имало и на патот Делчево-Истибања каде интервенирало ЈП Македонија и кај Моштица во Македонска Каменица каде што се исчистени од службите.

950

Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица. Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени 4 куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.

Во моментот се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свлечишта, информираат од ЦУК на својата Фејсбук страница.






Исто така, ЦУК информира дека на територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП Македонија пат редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.

Кај одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно, се додава во написот.

Поврзани содржини