ЗАГРИЖУВАЧКА ВЕСТ ОД ПАЛАТАТА Кејт Мидлтон повторно се повлекува од јавноста

Сите патувања во странство се одложени, а познато е само дека на кратко ќе ги посетат кралот Чарлс и кралицата Камила во Шкотска.

679

Принцезата Кејт Мидлтон повторно се повлекува од јавноста, велат извори од Палатата.

Кејт Мидлтон ги израдува сите кога се појави на финалето на Вимблдон, а поддршката од публиката предизвика силни емоции кај неа.






Според инсајдер од Палатата, Кејт се повлекува од очите на јавноста за да продолжи со лекувањето.

-Таа нема да биде во центарот на вниманието. Ќе биде со своето семејство или сама, за да ја зачува енергијата што е можно повеќе. Ќе има многу време да се фокусира на нејзиното закрепнување – вели инсајдерот, пренесува „Пипл“.

Принцот и принцезата од Велс деновите ќе ги поминат во Норфолк со своите деца. Сите патувања во странство се одложени, а познато е само дека на кратко ќе ги посетат кралот Чарлс и кралицата Камила во Шкотска.

Поврзани содржини