Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19.
Во Скопје има 353, Куманово 33, Штип 13, Прилеп 36, Тетово 33, Струга 11, Велес 34, Битола 28, Охрид 17, Кавадарци 7, Гостивар 7, Струмица 20, Крива Паланка 6, Радовиш 2, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Берово 2, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 6, Кичево 6, Ресен 1, Неготино 2.
Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од Скопје 281, Куманово 18, Дебар 12, Штип 6, Прилеп 9, Тетово 31, Струга 4, Велес 9, Битола 15, Охрид 8, Кавадарци 9, Гостивар 11, Гевгелија 10, Струмица 14, Крива Паланка 12, Радовиш 3, Кочани 15, Пробиштип 1, Пехчево 2, Берово 9, Валандово 2, Виница 6, Делчево 31, Кратово 1, Свети Николе 3, Кичево 7, Неготино 2.