ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБАТА ВО АВСТРАЛИЈА Владата прогласи вонредна состојба поради поплавите (ВИДЕО)

Вонредната состојба во северозападниот дел на земјата доаѓа по честите поплави во источна Австралија во последните две години. Некои региони од минатата година претрпеа четири големи кризи со поплави предизвикани од обилните врнежи.

302

Австралискиот премиер Ентони Албанес вчера изјави дека неговата Влада е подготвена да обезбеди помош за жителите на државата Западна Австралија погодени од рекордни поплави.

Тропскиот циклон Ели донесе обилен дожд во западниот дел на континентот, покривајќи површина речиси три пати поголема од Обединетото Кралство. Меѓу најтешко погодените локации е Фицрој Кросинг, град со 1.300 жители, каде неопходните залихи биле транспортирани со хеликоптери бидејќи поради поплавите бил отсечен од другите градови во регионот.






Владата предводена од лабуристите „конструктивно соработува“ со властите во Западна Австралија на санација на последиците во регионот со мала густина на населеност, рече премиерот Албанес.

 

– Овие поплави имаат разорувачки ефект врз многу од заедниците што живеат овде и тешко ќе се справат со ова, а нема доволно ресурси – им рече премиерот на новинарите во Џилонг, Викторија.

– Мојата влада стои на располагање, подготвена е да обезбеди каква било помош што е потребна – додаде тој.

Според информациите од државните служби на Западна Австралија, Националните одбранбени сили им помагаат на жителите погодени од поплавите и користат хеликоптери за да ги однесат на побезбедни места. Австралискиот Метеоролошки завод извести дека на континентот повеќе нема лоши временски услови, но „продолжува да ја следи ситуацијата и ќе издаде дополнителни предупредувања доколку е потребно“.

Вонредната состојба во северозападниот дел на земјата доаѓа по честите поплави во источна Австралија во последните две години. Некои региони од минатата година претрпеа четири големи кризи со поплави предизвикани од обилните врнежи.

 

Поврзани содржини