ЗАГРИЖУВАЧКА Е СОСТОЈБАТА ВО ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ Дури 1.530 од нив прогласиле банкрот во октомври
Најголеми последици од оваа криза имаат секторите како градежништво, трговија и услуги поврзани со бизнисот.
Во октомври дури 1.530 компании во Германија прогласиле банкрот, што претставува највисока бројка во изминатите 20 години, покажуваат податоците од Институтот за економски истражувања во Хале.
Според Институтот, повеќе фактори влијаеле на високата бројка на банкроти. Меѓу нив најзначајни се постојаниот економски пад, зголемените трошоци за плати и енергија, како и долгорочните ефекти од пандемијата.
Компаниите со помала финансиска стабилност, кои претходно примале државна помош, биле особено погодени.
– Сегашниот бран банкротства е резултат на комбинација на континуирана економска слабост и драматично зголемени трошоци – вели Штефен Мулер од Институтот за економски истражувања.
Најголеми последици од оваа криза имаат секторите како градежништво, трговија и услуги поврзани со бизнисот.