Загрижени експерти: Кремите за сончање се поопасни од изгорениците

Environmental Working Group ги објави резултатите од студијата во која откри дека 75 проценти од тестираните 2.000 креми и лосиони содржат штетни хемикалии, кои го зголемуваат ризикот од рак и други болести.

1,057

Сè повеќе луѓе користат индустриски произведени креми и лосиони за да се заштитат од рак на кожата, но стапката на оваа болест расте ширум светот.

Четири студии спроведени во 90-тите години од минатиот век покажале дека луѓето кои употребуваат најмногу средства за заштита од сонце имаат и најголем ризик од малиген меланом.






Во последниве години, уште 5 нови студии укажале на опасностите од кремите и лосионите за сончање.

Поразителни сознанија

Оваа година, Environmental Working Group-EWG (Работната група за животна средина) ги објави резултатите од студијата во која откри дека 75 проценти од тестираните 2.000 креми и лосиони содржат штетни хемикалии, кои го зголемуваат ризикот од рак и други болести.

Во извештајот се вели дека „многу состојки на кремите за сончање влегуваат во крвта, а некои од нив имаат токсични ефекти.

Едни ослободуваат слободни радикали под сончева светлина кои ја оштетуваат кожата, други делуваат како естроген и ги нарушуваат хормоните, а неколку можат да предизвикаат алергиски реакции и да ја иритираат кожата“.

Една неодамнешна студија објавена во списанието Environment Science Technology исто така покажала дека вообичаените состојки во кремите за сончање – оксибензон, метоксицинамат и ПАБА – се естрогенски хемикалии поврзани со рак.

Заканата доаѓа и од нано-честичките

Научниците од лабораторијата ЦСИРО докажале дека нано-честичките од металните оксиди, што ги содржат кремите за сончање, можат да навлезат во клетките на кожата и да ја оштетат нивната ДНК.

Извештајот на ABC (Australian Broadcasting Corporation) за потенцијалниот ризик од употребата на лосиони за сончање со заштитен фактор го наведува следново:

„До неодамна, нанотехнологијата се сметаше за револуционерна технологија, која помага во снабдувањето со чиста вода, да се отстранат вирусите и бактериите, да се зголеми рокот на траење на храната, итн.

Нано-науката се користи и за производство на облека отпорна на дожд, туткање и дамки, во козметиката против стареење и во производите за сончање.

Меѓутоа, бидејќи оваа технологија започна широко да се користи, се појави прашањето дали наночестичките се навистина безопасни за здравјето на луѓето и околината.

Научниците предупредуваат дека младата, премногу стара или оштетена кожа лесно може да апсорбира нано-честички од титаниум диоксид и цинк оксид, кои ги содржат многу креми за сончање.

Под лабораториски услови, честичките од метал оксидот продирале во клетките на кожата и ја оштетувале нивната ДНК“.

Наскоро, CSIRO планира да тестира лосиони за сончање директно на луѓето, за да потврди колкав процент на нано-честички се апсорбираат во кожата за време на времето поминато на отворено.

Проверете ги етикетите

Истражувањето за наночестичките ќе потрае, а вистинските резултати ќе ги дознаеме за неколку години.

Дотогаш, препорачуваме да избегнувате козметика со нано-честички.

За жал, над 30% од сите лосиони за сончање содржат нано-состојки.

Од 2013 година, земјите од Европската унија мораа да ја наведат содржината на наночестичките на етикетите на нивните производи.

Етикетите исто така можат да ви укажат и на други штетни состојки во кремите за сончање, затоа не заборавајте да ги проучите.

Избегнувајте креми за сончање што содржат:

која било состојка означена со-нано

циноксат

диоксибензон

хомосалат

ментил антранилат

метоксицинамат

оксибензон

октил салицилат

октокрилин

пара амино бензоева киселина

парабени

пенилбензимидазол

Иако ефектите на многу состојки се штетни, тоа не значи дека воопшто не треба да користите крем за сончање.

Ако планирате да поминете време надвор на најсилното сонце, заштитете ја кожата со природни креми за сончање.

Побарајте безбедни креми за сончање меѓу производителите на природна козметика или направете ги сами.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay

Поврзани содржини