ЗАГРЕБ НЕМА ДА СЛАВИ СО ОГНОМЕТ Градот ги прифати предлозите на здружението „Пријатели на животните“ за новогодишната ноќ

Хрватското здружение „Пријатели на животните" претходно го повика Градот Загреб да не организира огномет за новогодишната ноќ, велејќи дека огнометот има негативни ефекти врз животната средина, влијае на респираторните и кардиоваскуларните проблеми кај луѓето и предизвикува паничен страв кај многу животни.

71

Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните” и за прославата на Нова година нема да организира огномет. Наместо тоа, граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма.

Со оваа одлука, градот Загреб ја прифати иницијативата, која претходно ја поддржаа повеќе хрватски градови, меѓу кои Осијек, Риека, Пула, Опатија, Самобор и други.






Хрватското здружение „Пријатели на животните” претходно го повика Градот Загреб да не организира огномет за новогодишната ноќ, велејќи дека огнометот има негативни ефекти врз животната средина, влијае на респираторните и кардиоваскуларните проблеми кај луѓето и предизвикува паничен страв кај многу животни.

Поврзани содржини