Заговорот „Корона“ низ бројки – прочитани сте!
Еве како Мр Моџо Килингтон ги толкува корона бројките и го деконструира заговорот.
191 новозаразени од Корона.
1+9+1 = 11
1+1 = 2
Бил Гејтс има две очи. Случајно? Не! Симбол на кабалата е ова!
***
225 нови случаи на Корона.
2 + 2 + 5 = 9
9 е бројката на нозе која би ја имал Бил Гејтс да имаше уште седум нозе плус! Случајност? Прочитани сте!
***
364 новозаразени од Корона.
3 + 6 + 4 = 13
13 е малер број, ко шо сте сите шо сте родени овде. Случајност? Скроз.
***
383 новозаразени од Корона.
Ако ја свртиме осумката за 90 степени ќе добиеме знак за бесконечност (∞).
Значи, 3 ∞ 3.
Не случајно е одбран овој светол празник преку шифри да објават дека 33 (Заев Зоран) ќе владее бесконечно (8 или ∞)
Нема да им помини!
***
И денес преку шифри ни го перат мозокот!
177 новозаболени од Корона.
1 + 7 + 7 = 15
1 + 5 = 6
Шестката е спој на две тројки, значи 6 = 3 + 3. З и 3 како Зоран Заев!
Со сублиминални пораки владеат со нашиот мозок и можат далечински да ве управуваат! Прочитани се!
(Избор од ФБ профилот на авторот)