Заглавените камиони на италијанско-словенечката граница ќе стигнат во земјава
Министерството за надворешни работи го организира конвојот по преговори со Хрватска и Словенија.
Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб, стапи во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава.
„Информираме дека е овозможен транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија, до крајната дестинација, Република Северна Македонија“, соопшти МНР.