ЗАГЛАВЕНИ СМЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НИ ТРЕБА „МОСТ“ Стинг на свој начин го промовираше новиот албум (ВИДЕО)
Овие песни опишуваат живот и смрт, човечки односи и тоа за време на пандемијата, време во кое се случуваа многу политички и општествени промени, рече Стинг.
Стинг наскоро ќе го објави неговиот нов албум под наслов „Мост“ (The Bridge), а вчера на неговиот Јутуб профил беше објавена и првата песна „Ако е љубов“ (If it’s love) која ќе биде дел од него.
Албумот настанал во време на пандемијата, а се состои од песни наменети за личните загуби, разделби и друштвени и политички превирања.
– Сигурно не сум првиот текстописец кој го поистоветува заљубувањето или одљубувањето со неизлечива болест. „Ако е љубов“ (If it’s love), говори за љубовни проблеми во кои секој од нас може да се пронајде – рече Стинг додавајќи дека овие песни опишуваат живот и смрт, човечки односи и тоа за време на пандемијата, време во кое се случуваа многу политички и општествени промени.
– Сите се чувствуваме заглавени во проблеми. Ни треба „мост“ – рече Стинг.
На албумот „Мост“ ќе има 13 песни и ќе постои во неколку формати, а „лансирањето“ е планирано за 19 ноември.