Загинала поради селфи: Паднала во бездна од 80 метри пред сопственото дете ВИДЕО

515

Триесет и осум годишната Роси Лумба била со сопругот и детето кога се случила несреќата во Националниот парк Грампианс, во австралиската држава Викторија. Семејството било на местото за гледање на Борока до карпа со панорамски поглед на планините и градот подолу.

Полицијата соопштола дека Роси се искачила на карпата, игнорирајќи ги безбедносните бариери и знаците за предупредување, позирајќи на камен за селфи-фотографија. Таа се сопнала на работ и паднала во бездна од 80 метри, пренесува Си-ен-ен.






Сведоците ја слушнале како Роси вреска, но не можеле да ѝ помогнат. На полицијата и на државната служба за итни случаи им биле потребни шест часа да го пронајдат и извлечат нејзиното тело.

Ова место е особено популарно за фотографии, брзото пребарување на ознаката за локација на Инстаграм покажува десетици фотографии на кои се гледаат луѓе на карпа, а нивните нозе висат над работ, што е крајно опасно.

Локалниот туристички водич Греам Вуд рекол дека ги предупредил своите гости за погледот само половина час пред несреќата на Лумба.

– Им реков да внимаваат и дека тоа се случува постојано, луѓето да не ги почитуваат знаците за предупредување. Тажен сум поради тоа што се случи – рекол Вуд.

По настанот, властите ја потсетиле јавноста да ги следи безбедносните знаци и упатства и дека ниту една фотографија не е вредна човечки живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nato Henderson (@nato_fsu)

 

ФОТО: Јутјуб/Инстаграм

Поврзани содржини