Кетрин Вилијамс-Данинг (27), ќерка на познатиот кантри пејач Хенк Вилијамс помладиот (71), загинала во сообраќајна несреќа во Тенеси.
Кетрин со сопругот Тајлер Данинг возела по автопатото во округот Ханри, кога од непознати причини нивниот џип удрил најпрво во оградата, а потоа се превртел.
Младата Кетрин поради повредите останала мртва на лице место, додека лекарите сè уште се борат за животот на нејзиниот сопруг.
Кетрин е најмладата ќерка на кантри пејачот. Таа се омажила за Тајлер во 2015 година и добиле две деца, Боа (5) и Одри (2).
Хенк Вилијамс помладиот, е син на исто така кантри-ѕвезда, Хенк Вилијамс постариот, а на сцената е со децении и неговата песна „All my rowdy friends are coming over tonight“ се користи како шпица за преносите на американскиот фудбал на каналот ЕСПН од крајот на осумдесетите години.